ВОДОПАД КАЈ СЕЛО ОРЕШЕ

Тешко е да се каже дека нашите патувања ги реализираме според некој план, кога истиот се менува од минута во минута. Така се случи и оваа авантура, кога наместо да ја пешачиме нашата омилена рута с. Папрадиште – ПД Чеплес, се пренасочивме во областа Азот, која е дом на можеби најубавата природа во Македонија⛰️😍

Дојдовме во село Ореше, село кое е сместено на падините на планината Јакупица. За брзо го заобиколивме и ги разгледавме старите куќи преку кои можете да ја прочитате историјата на местото, а веднаш потоа се упативме кон најпознатиот манастир во овој крај – манастирот св. Ѓорѓија⛪

Тој е почетната точка на нашата прошетка, која води до ваква планинска идила како од сликите. Лево од паркингот на манастирот ќе наидете на дрвено мовче, а кога ќе го преминете, патеката сама ќе ве однесе до водопадот. Истата е маркирана и има должина од околу 1.5 километри во правец 🤩

Сите вие кои се жалевте дека не можете многу да пешачите, дека не сте тип за долги прошетки во планина – ова е вашата шанса! 😍 Кратка и лесна патека и ја препорачуваме на секој еден од вас кој ќе се најде во близина на оваа прекрасна природа! Водопадот кај село Ореше го ставивме на листата на најубави водопади во Македонија❤️

Ако сте за full time experience, можете да си резервирате соба во конакот кој е дел од манастирот и да си поминете викенд на чист воздух, на 1100мнв 🙌🏽

Ве чекаме да отидете и да ни пишете ваш впечаток!

Се гледаме на планина,

Ана и Мане