🇲🇰 ВОДОПАДОТ НА РЕКА БАБУНА
Ако си тип кој секогаш бира тури со крајна дестинација што е јаготка на шлагот, тогаш патекава е за тебе
Водопадите се едни од многуте богатства на природата кои нѐ оставаат без здив. Толку силно привлекуваат внимание, што нашиот престој во природа секогаш го прават подолг од планираното![]()
![]()
Водопадот на Бабуна не е ништо помалку, а често ќе слушнете за него дека е најубавиот водопад во Македонија
Еве неколку информации кои ќе ви бидат корисни ако сте расположени за авантура.
Се наоѓа во Централна Македонија, на планината Јакупица
. Ако сте со намера да го посетите, треба да се упатите кон село Богомила, да поминете покрај стариот камен мост, а низ самото село да ги следите знаците кои водат до рибникот во Нежилово (рибникот е лево
, а селото десно
на последната делба на патот).
Асфалтираниот пат завршува кај рибникот, каде може да го оставите вашето возило и да продолжите пешки по широкиот пат. Ако сте со теренско возило, само преминувате во off-road возење![]()
После 30тина минути возење (или отприлика 2-2.5 часа пешачење) ќе наидете на дрвена табла/патоказ за водопадот, позади кој продолжува тесна патека која минува низ густата шума
.
Планинарската патека е маркирана
и истата ве води до самиот извор на реката Бабуна, пештерата или познатиот водопад. За да ја освоите крајната дестинација (од патоказот до водопадот) планирајте пешачење во наредните 50-60мин
На делови од патеката се поставени скали од дрва кои ја олеснуваат стрмнината на теренот, како и безбедносна сајла.
Иако должината на шумската патека е кратка, сепак ќе ви биде потребна соодветна опрема за временските услови, високи чевли за во природа (доколку немате, може обични за снег/дожд) и облека во повеќе слоеви, бидејќи температурата низ шумата и покрај водопадот е доста пониска
. Во случај да сте љубители на ладната вода, задолжително земете си купаќи, затоа што тука ќе доживеете освежување од соништата!
Внимание: на одредени места патеката е тесна и лизгава
, ви препорачуваме да одите со некој кој е физички поспремен од вас (ако вие самите не сте)
Ако со вас доаѓаат и помали деца, задолжително надгледувајте ги за време на пешачењето и понесете соодветна опрема и за нив.
Доколку ви остане време, вратете се на широкиот пат (кај патоказот) и продолжете нагоре до Чеплес (помалку од 1 час пешки или 10мин возење). Искористете го овој момент за да го извадите мезето кое си го спремивте од претходниот ден!
Добро друштво никогаш не е на одмет за ваква локација![]()
Се гледаме на планина,
Ана и Мане
















